НАШИ ПРОЕКТИ

Проекти и меѓународна соработка

Погледнете ги проектите преку кои развиваме знаење, партнерства и одржливи решенија.

Проекти

Посета на Универзитетот за ветеринарни науки во Брно

МЕЃУНАРОДНА НАУЧНА СОРАБОТКА

Истражувачко вмрежување и развој на знаење – Брно, Чешка

Јуни 2026 · Универзитет за ветеринарни науки во Брно

Во јуни 2026 година, претставници на КАМПУС ПЧЕЛКА реализираа истражувачка посета и вмрежување со Универзитетот за ветеринарни науки во Брно, со цел зајакнување на меѓународната научна соработка, размена на знаења и воспоставување партнерства за идни заеднички проекти. Во рамките на посетата беа одржани работни средби и научни дискусии и беа реализирани практични активности поврзани со валоризација на агро-прехранбени нуспроизводи, одржливи системи за храна и иновативни технологии.

Проектот беше финансиран во рамките на ЕУ повик за грантови за патување.

Учество на Осмата школа за европски политики во Скопје

ЕВРОПСКИ ПОЛИТИКИ И ОБРАЗОВАНИЕ

Учество на Осмата школа за европски политики

23–24 декември 2025 · Скопје

Анета Стајиќ, како претставник на КАМПУС ПЧЕЛКА, учествуваше на Осмата школа за европски политики, одржана на 23–24 декември 2025 година во Скопје, во рамки на проектот Media4EU, финансиран од Европската Унија. Обуката беше посветена на Поглавје 27 – Животна средина и климатски промени во процесот на пристапување на Северна Македонија кон ЕУ и опфати теми од европското законодавство за природа, води, отпад, воздух, индустриско загадување, климатски акции, како и инвестиции и финансирање во секторот животна средина. Учеството придонесе за унапредување на знаењата за европските политики и нивната примена во идните еколошки и развојни активности на здружението.

Проектот Media4EU е финансиран од Европската Унија.

Плакат за проектот Шума на пчелите

ПОШУМУВАЊЕ И ОБНОВУВАЊЕ НА ПРИРОДАТА

Шума на пчелите

28 февруари 2026 · Бела Вода, Велешко езеро Младост

„Шума на пчелите“ беше проект за пошумување и обновување на природата, организиран од КАМПУС ПЧЕЛКА и Левица Велес. На 28 февруари 2026 година, на локацијата Бела Вода близу Велешкото езеро Младост, со заеднички ангажман беа засадени над 2.000 садници багрем. Со оваа иницијатива беше даден конкретен придонес кон обновувањето на зелените површини, создавањето подобри услови за пчелите и другите опрашувачи и подигнувањето на свеста за значењето на заштитата на природата.

Проектот беше финансиран со средства од членовите на организациите што го организираа и со поддршка од граѓани.