НАШИ НАСТАНИ
Настани и активности од терен
Погледнете ги настаните и активностите преку кои ја поврзуваме науката со практиката и заедно придонесуваме за природата, пчелите и заедницата.
Настани
ОДРЖЛИВО ПРОИЗВОДСТВОПилот-производство на зеленчук по принципи на органско и пермакултурно одгледување
Отвори го настанот
Пилот-производство на зеленчук по принципи на органско и пермакултурно одгледување
Отвори го настанотВо 2024 година, активисти на КАМПУС ПЧЕЛКА започнаа практичен проект за одгледување зеленчук во пластеник, заснован на принципи на органско производство и комбинирано садење со цвеќиња. Во рамки на проектот се експериментираше и со пермакултурни модели на одгледување, со цел подобро искористување на просторот, природните ресурси и заемното дејство помеѓу различните растителни видови. Беа произведени експериментални количини од различни сорти домати, пиперки, чери домати и други земјоделски култури, а активноста придонесе кон стекнување практични искуства во одржливо мало производство, поттикнување на биодиверзитетот и развој на модели применливи во идни едукативни и рурални иницијативи на здружението. Оваа активност продолжи и во текот на 2025 и 2026 година.
ИНОВАЦИИ ВО ХРАНАТАЕкспериментални проби со 3D печатена храна и окара
Отвори го настанот
Експериментални проби со 3D печатена храна и окара
Отвори го настанотВо 2026 година, во рамки на истражувачката посета во Брно, Чешка, беа реализирани експериментални проби за развој на 3D печатени прехранбени производи со додавање на функционален агро-прехранбен нуспроизвод – соината пулпа окара. Целта беше да се испита можноста за нејзина валоризација како нутритивно вредна состојка во иновативни производи, како и потенцијалот на 3D печатењето како современа технологија за развој на одржлива и функционална храна.
НАУЧНА ПУБЛИКАЦИЈАОбјавување научно поглавје во издание на Springer
Отвори го настанот
Објавување научно поглавје во издание на Springer
Отвори го настанотЧленот на КАМПУС ПЧЕЛКА, Анета Стајиќ, е коавтор на научното поглавје „Introduction to Edible Packaging“, објавено во книгата Trends in Edible Packaging: A Sustainable Approaches for Postharvest Management of Fruits and Vegetables во издание на Springer. Поглавјето е подготвено заедно со Александра Анакијоска, Нишант Кумар и Анка Трајковска Петкоска и ги обработува современите концепти и примената на јадливата амбалажа како одржливо решение во прехранбената индустрија. Објавувањето претставува значаен придонес кон развојот на научните и истражувачките капацитети на КАМПУС ПЧЕЛКА и неговата ориентација кон одржливи технологии и иновации.
АКАДЕМСКО И НАУЧНО УНАПРЕДУВАЊЕАкадемско унапредување и јакнење на научните капацитети
Отвори го настанот
Академско унапредување и јакнење на научните капацитети
Отвори го настанотВо 2024 година, членот на КАМПУС ПЧЕЛКА Анета Стајиќ успешно ги заврши магистерските студии по Управување со квалитет и безбедност на храна на Технолошко-техничкиот факултет – Велес. Магистерското истражување беше насочено кон влијанието на различен состав на модифицирана атмосфера врз трајноста на безглутенски колач со додаток на морков, придонесувајќи кон унапредување на знаењата во областа на безбедноста, квалитетот и одржливоста на храната. Стекнатите научни знаења претставуваат дополнителен капацитет за развој на истражувачките и иновативните активности на здружението.